22/01/2026
Како дел од современите in-store маркетинг решенија, реализиравме осветлен брендиран столб од четири страни за брендот Dr. Oetker, поставен во продажниот објект Кит-Го Велес. Ова POS решение е дизајнирано да обезбеди 360° видливост, максимално привлекување на внимание и постојано присуство на брендот во просторот каде што се носи куповната одлука.
Со интегрирано осветлување и јасно истакнат визуелен идентитет, столбот овозможува:
- зголемена забележливост на брендот во текот на целиот ден,
- континуирана комуникација со потрошувачите од сите агли,
- јакнење на препознатливоста и довербата кон брендот,
- директно влијание врз одлуката за купување.
Посебен фокус беше ставен на продукцијата, имплементацијата и монтажата на решението. Нашиот продукциски тим работеше макотрпно и посветено на секоја фаза од проектот – од изработка, преку тестирање, до финалната инсталација на терен. Во процесот беа користени квалитетни и издржливи материјали, се работеше со големо внимание, посветени на секој детал, со цел да се обезбеди долготрајност, стабилност и врвен визуелен ефект.
Осветлениот столб од четири страни претставува ефикасна и долгорочна продажна алатка, која ја комбинира естетиката со функционалноста и го претвора продажниот простор во активен комуникациски канал.
�� Mandis Media креира и имплементира иновативни in-store решенија што ја зголемуваат вредноста на брендот токму на местото на продажба.
Да создадеме заедно видливост што се чувствува. И продажба што трае
Ние сме агенција за рекламирање која се занимава со создавање и спроведување на рекламни пројекти за наши клиенти.
© 2025 Mandis Media. All rights reserved. Powered by DigitalCentar